Martin Auer
The Strange War
Stories for Peace Education

Фантазер

Translated by Marijana

Многу одамна постоеше еден човек кој беше фантазер. Тој веруваше дека, на пример, мора да постои начин да се видат нештата кои се напоѓаат на одалеченост од 10 000 милји . Или, пак, тој веруваше дека мора да постои начин, супата да се јаде со вилушка. Тој веруваше дека мора да постои некаков начин,луѓето да можат да стојат на глава и, тој беше сигурен дека луѓето можат да живеат без страв. Луѓето често му велеа: Ни едно од овие нешта не може да постои, ти си фантазер! И, тие уште му велеа: Мораш да ги отвориш очите и да ја прифатиш реалноста! Тие додаваа: Во природата постојат закони кои Ти едноставно не можеш да ги промениш!
Но, човекот им велеше: Не знам..но, мора да постои начин да се дише под вода. И, мора да постои начин секој да има доволно храна. Мора да постои начин, секој да научи што тој или таа сакаат да знаат. Мора да постои начин секој да може да си ја види својата внатрешност.
А луѓето му велеа: Прибери се господине, тие нешта  никогаш нема да се случат. Ти едноставно не можеш да кажеш дека посакуваш нешто да се случи и тоа да се случи. Светот е таков каков што е, а не таков каков што Tи сакаш да го видиш.
Кога беше пронајден телевизорот и беа откриени ренгенските зраци, човекот можеше да гледа на оддалеченост од 10 000 милји, и тој можеше да си ја види својата внатрешност. Но никој не му кажа: Во ред, изгледа си бил во право за многу нешта. И, тие не кажаа ништо кога некој го измисли оделото за нуркање кое им овозможуваше на луѓето лесно да дишат под вода. Но, човекот сам на себе си кажа: Ова е токму она на што јас мислев. Можеби еден ден ќе биде возможно да живееме во Свет без војни.
Select afterword failed: Table 'at27023_peaceculture.Texts' doesn't exist